„Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. А, потценување на вирусот подразбира дека тој ќе продолжи да се шири, предупреди во видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска.
Секоја наша препорака ја игнорираа, и затоа најлошо се справуваме со вирусот споредено со соседството, вели Мицковски.
Тој предупреди дека дека за околу 25 проценти има потфрлање во наплатата на даноците од планираните, а само во мај за повеќе од три милијарди денари.
До крајот на годината секое македонско семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра, вели во видео обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.