Мицкоски разочаран и лут, Ковид-19 хаосот го почувствувал и дома

Откако пред неколку дена ТВ Телма го откажа интервјуто со него вечерва во дневникот на ТВ Сител, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски даде оценка за справувањето на власта со пандемијата.

“Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко”, изјави Мицкоски.

Тој вели дека секојдневно се соочува со повици од сограѓани кои бараат помош за справување со ситуацијата.

Мицкоски смета дека неопходно е воведување на полициски час како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Истакна и дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ се предложени повеќе мерки за справување со пандемијата, меѓу кои и воведување на КОВИД комисија, но ниту една од предложените мерки не беше прифатена од страна на власта.

Лидерот на опозицијата апелира владата заедно со другите партии да седне на лидерска средба за државата да ги забетонира позициите за заштита на идентитетот и јазикот.