Оваа колумна е кратка колку што е голема политичката логика и математика.
Ако денеска власта на СДСМ и ДУИ обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени како што одамна не убедуваат премиерот Ковачевски и вицепремиерите Груби и Маричиќ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе мора да си даде оставка.

Тој ќе мора да замине од позицијата лидер на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на опозицијата затоа што ќе се покаже дека нема контрола врз своите пратеници но и дека ја лажел македонската јавност за можноста да има уставни измени со пратеници што тој ги бирал и им верувал.


Во второто сценарио власта да не обезбеди уставни измени со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе добие уште неколку поени на своја сметка затоа што ќе докаже дека знаел што зборува, го следел ставот на својот народ и има контрола на луѓето кои ги избрал да бидат гласани за народни претставници.

Во тој случај Мицкоски има право да бара оставка од Ковачевски и неговата влада и брзи предвремени избори.

Во ова сценарио Мицкоски пред себе има десетина месеци во кои ќе ги толчи Ковачевски дека се лажговци и манипуланти, и ќе има несобирливи аргументи за тоа.

Ако пак власта не добие 80 пратеници Ковачевски не само што ќе биде торпедиран во Собранието каде нема поддршка дури и од дел од своите пратеници туку ќе се соочи и со разочарување од своите сојузници по било која основа кои конечно ќе сфатат дека тој е ,,Мал барон Минхаузен” кој цела година лажел дека има 80 пратеници за уставни измени.

За Ковачевски избори не се опција затоа што тој свесен дека политичката кариера му е мртва сака да биде ,,главен Џек” уште десетина месеци.

Избори се опција за сите што својата политичка иднина ја е во СДСМ и планираат оваа партија за 6-7 години пак да се врати на политичката сцена.

Дали овие луѓе во СДСМ ќе со соочат со Ковачевски и ќе го убедат да се оди на предвремени избори е прашање кое веќе не е ни важно за широката јавност затоа што сега партијата на власт е во индуцирана кома.

Колку повеќе СДСМ чека за изборно соочување толку поголема ќе биде политичката трагедија на некогаш големата партија.

Премиерот се фалеше со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ а загубил свои

Кои се двајцата пратеници на СДСМ кои денеска му забија ,,нож во грб” на Ковачевски