Во последните три дена по интервјуто на премиерот Заев за бугарската агенција БГНЕС во Македонија се случува хистерија, јавуваат медиуми во Бугарија преку кои бугарската влада ја турка својата пропаганда во земјава.
Кампањата според медиумските гласноговорници на владата во Софија ја предводат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со група бивши комунистички фигури.
Меѓу предводниците на антибугарската хистерија во Македонија се споменуваат и Бранко Црвенковски и според бугарски медиуми најблискиот политичар на Никола Груевски – екс претседателот Ѓорге Иванов.
Според обвинувањата во најновата антибугарската кампања во Македонија учествуваат и многу медиуми но тие не се именуваат.