Мицкоски: Без вакцинирани попишувачи, не може попис од 1 април

Во првиот момент кога попишувачите ќе бидат имунизирани и нема да шират зараза, тогаш ќе може да има попис, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител.

Мицкоски вели дека досега пописот личи на се, но не само на статистичка операција.

„Гледаме двајца платени си државни пари, со парите на граѓаните, министри влијателни во Владата, едниот вицепремиер другиот за министер надворешни работи, наместо да шета по светот и по фабриките за вакицни да бара вакицни за граѓаните во Македонија. Сега ние имаме војна, тој вирусот не бира ниту нација, ниту вера ниту боја на кожа.

Наместо тој да шета по фабрики и да коленичи и да донесе некоја вакцина плус, го гледаме како таму се собира со 10-15 луѓе, зборува за попис, трошејќи ги парите“, рече Мицкоски.

.