Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани бугарската колешка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка, пренесува „Независен“.

„… Го советувам Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе пример од една европска земја, да дојде овде на споменикот во Ваташа, да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна.

Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за какво било простување, за каква било прошка“, рече Хрисијан Мицкоски.

Тој потсети дека германскиот канцелар Вили Брант на тој начин ѝ се извинил на Полска.