Мицкоски: Ако не се кренеме заедно Заев ќе продолжи да продава

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поголема поддршка од народот за да се запре Зоран Заев да продолжи да ја продава Македонија.

“ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава”, вели Мицкоски во пораката со која повикува на денешниот протест.

” Затоа утре протест во Скопје, пред Владата во 18 часот, поаѓање од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во 17:30 часот.
Или Заев, или Македонија.
Оставка!”, вели Мицкоски користејќи го хаштагот #оставканазаевслободананародот