Мицкоски: Ахмети и Груби во раце држат уценет политичар готов да потпише било што

Ахмети и Груби знаат дека никогаш нема да имаат уценет политичар како Заев, кој за да ја спаси својата политичка кариера, ќе потпише било каков договор, изјави претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостување на тв Алсат.

-Поради тоа, му велат во партијата да прави што сака, но да го испорача ветеното. На тој начин, се надеваат дека ќе го зголемат своето мнозинство во албанскиот блок, со што на следните избори, ќе бидат во подобра позиција за коалицирање. Тоа е нивната политичка стратегија, изјави Мицкоски.