„Метлата“ на дневен ред на седницата на ЦО на СДСМ

Медиуми нагаѓаат дека најмалку пет актуелни министри најверојатно ќе добијат црвен картон вечерва на состанокот на највисоките партиски органи на СДСМ.

Меѓу имињата кои се споменуваат во јавноста, прв на удар е она на министерот Горан Сугарески кој заминува од транспорт и врски, а на негово место во игра се две имиња: или да биде  пополнето со кадар на ДУИ или министер да биде назначен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, близок човек на Заев, дознава ТВ Алфа.

Неофицијално се зборува дека кадри на ДУИ нема да бидат бришени од списокот на функционери, туку лидерот Али Ахмети дозволил само ротација на функциите.

Според извори на „Алфа“ прв кој би требало да замине од министерската позиција е Садула Дураку од екологија, ама истовремено се зборува дека тој може да биде поставен за прв човек на Новото министерство за политички, што значи дека од игра излегува досегашниот прв човек на Секретаријатот за рамковен, Хазби Лика, кој беше проблематичен поради недоаѓањето на работа.

Извор:ТВ Алфа