„Тито никого не создал, туку само ги констатирал фактите. Ако е така, тогаш би значело дека Тито ги создал и Србите и Хрватите и Словенците.

Ние бевме во една државна заедница, Кралство Југославија, во кое не беа решени националните прашања. Националните прашања кај нас се решени во Народноослободителната борба, која ја водеше маршалот Тито.

Но секој народ го извојува своето право и да има свој јазик и да има своја територија и идентитет“, вели поранешниот претседател на хрватска Стипе Месиќ за МКД.Мк.

Месиќ вели дека не гледа ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет. „Македонската нација постои, таа е историски факт и секој што тука нешто проблематизира всушност им штети на односите во цела Европа.?

Сите ние во регионот имаме многу заедничка историја, но тоа не значи дека сега треба да се покренуваат некои прашања што веќе не постојат. Тоа е прашање на идентитетот на македонската нација, македонскиот народ, македонската држава и во таа смисла никој нема право да се меша и да бара некакви историски факти што можат да ги нарушат сегашните односи меѓу државите, кои мора да бидат нормални“, вели поранешниот хрватски претседател.