Мерко: Струга не сака да биде “црна овца“ пред УНЕСКО

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби заедно со министерот за информатичко општество и администрација, г. Јетон Шаќири и градоначалникот на Струга г. Рамиз Мерко денеска започнаа со уривање на сите 6 постојни платформи лоцирани на брегот на езерото во Струга.

Првиот вицепремиер Груби за време на оваа акција рече дека зелената агенда е веќе во акција и нема да застане тука. Преку оваа агенда, сите граѓани на Македонија ќе имаат придобивки, без оглед каде живеат, бидејќи придонесува за подобар и поквалитетен живот.

Мерко го информираше првиот вицепремиер Груби и министерот за информатичко општество и администрација Шаќири дека 6-те платформи што денес се отстрануваат не се дивоградби туку нивните сопственици сакаат да се солидаризираат со нивните колеги, сопствениците на сличните концесии во Охрид затоа што стружани не сакаат нивниот град да остане „црна овца“ и со тоа да ги зголемат шансите градот Охрид да го изгуби статусот на заштитен град од УНЕСКО.