Наводно поради доцнење на административните процедури во Централниот регистар, отворањето на основоното музичко училиште во Струга, наместо на први септември, доцни цели 20 дена. Но и овој рок се пролонгира за дополнителни 2 дена,затоа што се чека оваа образовна институција официјално да ја отворат градоначалникот Мерко и министерот за информатичко општство Јетон Шаќири. Ова предизвика силни реакции кај родителите,отворањето на основното мизичко училиште во кое за прв пат ќе учат 122 деца, требаше да донесе нешто добро за градот за децта-велат, а не за да се собираат политички поени пред избори објави Алфа ТВ.

Тоа е класична злоупотреба на децата затоа што тие се вметнуваат присилно заедно со родителите во една политичка предизборна кампања која за жал противзаконски ќе го вклучи децата да бидат дел од таа машинерија.Нема да учестуваваме на тој час, и ако продолжува вака традицијата, ние планираме девојчето да го отпишеме од музичкото училиште изјави за Алфа еден родител.

Бидејќи основното музичко училиште за прв пат официјално почнува со работа оваа година,присуство на првиот час најавија Мерко кој ќе ги поздрави децата и министерот Шакири кој ќе ги врачи норматините акти на училиштето.Поради тоа претходно закажаните часови ќе се одржат во средна на 22 –ри септември во 18 часот-вакво соопштение добиле родителите објави Алфа.
Линк до целиот текст.