Мерко и ДУИ грубо го кршат законот во Струга (ФОТО)

Во чест на 28ми Ноември, Ден на независноста на Албанија или Ден на албанското знаме, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко од ДУИ дал наредба да се украси градот само со албански знамиња.

Иако законот за знамиња што го донесе ДУИ додека беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предвидува заедно со албанското секогаш да биде истакнато и македонско знаме државниот симбол денеска не е присутен во Струга.

Инаку законот предвидува казни за неистакнување на македонското знаме.