Германската канцеларка се изјаснила негативно по препораката на Европската комисија за брз датум за отворање преговори на ЕУ со Македонија, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“.

Како што пренесува „Дојче веле“, германскиот весник , пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.

„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. пишува денеска влијателниот весник, пренесува „Дојче веле“.