За разлика од кабинетот на премиерот Заев кој надолго пишува за средбата со Меркел германската влада по средбата во Берлин издаде соопштение кое што е кратко и во него има само две реченици кои се однесуваат на содржината на состанокот.

Во едната се вели дека Меркел го примила Заев а во другата дека разговорите освен на теми поврзани со односите меѓу двете земји се разговарало за меѓународна политика и ЕУ.

Ако се изземе првата реченица во која формално се назначува дека Меркел го примила македонскиот премиер и насловот кој зборува за стабилност на Балканот практично Меркел потрошила само една простопроширена реченица на својот гостин.

„Канцеларката го прими премиерот на Македонија Заев во федералната влада.

Покрај билатерлните прашања меѓу двете земји фокусот на дискусијата беше исто така надворешната политика и прашања поврзани со ЕУ“, се вели во двете реченици кои конкретно се однесуваат на денешната средба.

Во остатокот од соопштението се повторуваат стари настани и спорот за името.

Заедно со Франција , Германија постави цел за засилување на стабилноста на Балканот. Важен столб е решавање на спорот за името „Македонија. Под покровителство на ОН балканската република го доби името Северна Македонија во февруари 2019 со тоа завршувајќи го спорот со Грција кој што се одвиваше од 1991 година. Во април премиерот Заев учествуваше на самитот за Западниот Балкан кој што се одржа во германската влада по покана од германската канцеларка Ангела Меркел и гранцускиот претседател Емануел Макрон“, пишува во соопштението на кабинетот на Меркел во кое нема ниту еден збор за евентуален датум за преговори за Македонија како што тврди кабинетот на Заев.

Што за средбата напишаа во кабинетот на Заев

Кабинетот на Заев со различна изјава од кабинетот на Меркел