„Мерит систем“ на сдсмовски начин: Елиминирана топ кандидатка за да се вработи партиски тркач без искуство

Ако не се плаши од најавите на САД дека ќе се гони секаков вид на корупција претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен Даница Чадиева има лесен случај на дискриминација на партиска основа.

Чадиева пред неколку дена добила предмет кој освен што е неморален и нечовечки е и незаконски затоа што прави дискриминација на политичка основа при што се занемаруваат професионалните квалитети на човек само затоа што не е од СДСМ.

Во случајот правилата се прекршени за да се прими член на СДСМ во јавна здравствена установа а ова е само еден од илјадниците случаи со кои се соочува Македонија.

Конкретно се работи за елиминација на медицинската сестра Николина Андреевска од Ресен која аплицирала на оглас за вработување во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево –Ресен.

Јавниот оглас 04-467/1 од 23.09.2022 за вработување на 1 (еден) доктор по медицина , 1 (една) медицинска сестра со ССС , и 1( еден) биолог –инженер на неопределено работно време бил објавен во дневните весници“ Коха“` и“ Нова Македонија“ на 24.09.2022г, и траел 5 дена.

Андреевска не сака да зборува за случајот кој веќе е во владата и инсистира да се почека со одлуката на второстепената комисија.

Според изворите на expres.mk во законскиот рок од страна на кандидатката Андреевска се доставени сите потребни документи кои се барале во огласот (дополнително се доставени и Диплома за завршена Виша медицинска школа од Битола и докази за стаж во струката од 19 години работно искувство како медицинска сестра).

По спроведената селекција од страна на Комисијата за избор и селекција, како и тестирањето од страна на Комисијата за здравство, од пријавените 5 (пет) за тоа работно место, е направена ранг листа каде кандидатката Николина Андреевска е прворангирана со вкупен број на бодови 70 ( од кои, просечен успех 49 бодови и 21 бод од стручен дел.

Второ рангираниот Александар Митревски од с.Јанковец – Ресен имал 53,8 бодови вкупно.

На ден 15.11.2022 сите кандидати се повикани на интервју со Директорот на болницата Др. Алексадра Пили и Преседателот на комисијата за избор и селекција на кандитатите Билјана Гошаревска, каде што секој кандидат поединечно е интервјуиран.

И Пили и Гошаровска како и примениот кандидат се дел од партискиот систем на СДСМ. Од фотографии објавени на Фејсбук се гледа дека тие учествувале на настани организирани од СДСМ.

По завршувањето на интервјуто директорот на ЈЗУ Отешево носи одлука за избор бр.04-597/1 од 15.11 2022 г. за вработување како медицинска сестра на второрангираниот Александар Митревски од с.Јанковец.

Според образложението на одлуката истиот ги исполнува условите на огласот и навремено доставил комлетна и валидна документација.

При одлуката воопшто не се земени во предвид степенот на образование, бодувањето, годините работен стаж на кандидатката туку е избран кандидат без ниту еден ден работен стаж во струката и положен државен испит непосредно пред објавувањето на јавниот оглас.

Во законскиот рок од 8 дена од страна на прворангираната кандидатка Николина Адреевска со полномошник адвокат е доствена жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен.

На потег е претседателката на второстепената комисија во Владата Чадиева која ќе треба да ги брани своите сопартијци во вршење дискриминација на политичка основа по што ќе се соочи и самата со последици или ќе го почитува законот кој не дозволува елиминација на подобри кандидати затоа што не членови на СДСМ.