„Извештајот на Европската комисија за расизам и нетолеранција (ЕКРИ) е необјективен и тоа е поради апстиненцијата на македонската дипломатија по ова прашање. Македонската дипломатија не е заинтересирана за македонското прашање. Овој извештај е резултат на македонската политика веќе со години.

Македонците не се предмет на интерес на дипломатијата што ја плаќаат“, вели познатиот адвокат Тони Менкиновски во изјава за Нова Македонија.

Изјавата се однесува на делот во кој ЕКРИ, иако е свесна за контроверзноста на употребата на имињата Иван Михајлов и Цар Борис Трети во земјава, ги споменува во конетекст на наводната дискриминација на оние 3.500 Бугари во Македобнија.

„ Офанзивниот став на бугарската дипломатија е да ја искриви реалноста пред меѓународната заедница и Македонците од жртви, сака да ги прикаже како сторители. Или, непочитувањето на човековите права во Бугарија врз Македонците, официјална Софија сака да го прикаже како непочитување на правата на Бугарите во Македонија.

Она што е страшно е што Советот на Европа поддржува формирање здруженија на граѓани со фашистички предзнак, а самото по себе е спротивно и контрадикторно на практиката на Судот на Советот на Европа, односно Европскиот суд за човекови права.

Се поставуваат неколку прашања: дали Советот на Европа веќе го губи приматот на организација што е формирана на темелите на антифашизмот?,

Дали македонската дипломатија ќе реагира соодветно на овој извештај?,

Дли ние Македонците, треба да го бараме излезот во други меѓународни текови, како БРИКС? – прашува адвокатот Тони Менкиноски.