Адвокатот Тони Менкиновски не очекува контроверзите во правосудството во Македонија да запрат, а смета декаи клучно за спроведување на правдата во Македонија е тоа дали судиите и обвинителите имаат едно или повеќе државјанства, и го повика нобвоизбраниот шеф на Обрвинителството за гонење криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази да одговори на ова прашање.
„Одговорноста на јавните обвинители, судиите и сите оние кои во Република Македонија вршат правосудна функција треба да биде ставена под знак прашање. Треба истата да се дефинира во Република Македонија. Треба да се дефинира дали тие носители имаат само едно државјанство или имаат десет државјанства.
Треба да го прашате јавниот обвинител за организиран криминал дали тој има едно државјанство или има повеќе државјанства. Тоа е многу важно во делот на кредибилитетот на правдата“, појаснува Менкиновски за ТВ Алфа.
Деновиуве во јавноста имаше бурни рекации за изборот на новиот обвинител за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој само неколку дена по преземањето на фотрељата на Вилма Русковска, беше предложен и за член на управниот одбор во академијата за судии и јавни обвинители – од што се откажа.
