Менче со човечки предлог до Таче, премиерот се прави дека не чита

Испровоцирана од спонзорираниот пост на премиерот Ковачевски кој преку видео се обидува да каже дека во Македонија заради неговата работа тече мед и млеко пензионерката Менче Велеска предлага размена на условите за живот со првиот човек на владата.

Велеска во јавен коментар на новогодишната честитка на Ковачевски му нуди таа еден месец да ја земе неговата плата а Ковачевски да живее со нејзината пензија 30 дена.

Велеска е убедена дека со околу 1300 евра колку што зема Ковачевски таа ќе може да живее најмалку 6 месеци.

,,Ај еден предлог другар премиере да си ги замениме платите само еден месец. Ако толку се грижите за својот народ ама искрено да ми кажете. Колку дена ќе поминете со мојата мизерна пензија а јас ви гарантирам дека ќе поминам барем 6 месеци ајде прифатете го предлогов а јас јавно ќе објавам на што ги потрошив парите ама вие само прифатете го предлогов јавно”, му пишува Менче на Таче на неговиот пост платен со сума веројатно повисока од нејзината пензија.

Цели 48 часа откако Менче му го дала предлогот на Таче, премиерот не одговара дали тој би живеел со нејзината пензија еден месец.

Целата преписка на Менче на овој линк

https://fb.watch/hRJuuoyyFj/