Мемето на денот за “Децата бегалци” и грчката (не)цивилизација (ФОТО)

Карикатуристот со уметничко име Седо Перо вчера на креативен начин го искоментира чинот на означување на споменици во Македонија како дел од хеленското античко наследство од страна на македонските власти.

Преку примерот со споменикот на “Децата бегалци” во центарот на Скопје кој е речиси уништен тој ја коментира апсурдната ситуацијата.

Децата бегалци во периодот по Втората светска војна беа избркани од Грција по што беа раселени во земји од комунистичкиот лагер.