Првата дама на САД Меланија Трамп доби дрвена статуа во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде што пораснала, но локалните жители велат дека оваа статуа е „срам”.

Статуата е осмислена од американскиот уметник Бред Дауни кој го ангажираше локалниот уметник Алес Зупевц, познат како Макси, за да ја изработи од дрво и да ја постави покрај реката Сава.


Статуата воопшто не изгледа како првата дама, која е облечена во фустан со светло сина боја како оној при претседателската инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.

„Воопшто не изгледа како Меланија. Личи на Штрумфета. Тоа е срамота “, рече еден од жителите кои се собраа на откривањето на статуата.