Новинарката и фото репортерка Арбнора Мехмети Норе го коментира срамното однесување на владата која даде дозвола за известување од роденденот на Делчев на привилегирани медиуми но и на немањето на солидарност меѓу новинарите кои не се загрижени што некои нивни колеги беа одбиени од владата.
,,Денеска фоторепортерите и новинарите ги затворија очите пред неправдата направена кон нивните колеги.
Владата селективно акредитираше новинари, фоторепортери и сниматели.
Додека нивните колеги останаа зад барикадите, од друга страна, привилегираните медиумски работници продолжија со својата работа.
За оваа состојба во која се наоѓаме сме криви сами. Овде секој си го гледа својот газ и воопшто нема солидарност.
Срамота”, пишува популарната Норе.
Додека нивните колеги останаа зад барикадите, од друга страна, привилегираните медиумски работници продолжија со својата работа.
За оваа состојба во која се наоѓаме сме криви сами. Овде секој си го гледа својот газ и воопшто нема солидарност.
Срамота.— noré (@ArbnoraMemeti) February 4, 2023
Фото fakulteti.mk