Мехази: СДСМ може да гласа за Касами во Тетово, за да добие пратеник повеќе

„Не е случајно што Зоран Заев не ја поддржува Теута Арифи во Тетово во вториот круг на локалните избори: таа партија може да гласа за Билал Касами за градоначалничката позиција. Со тоа Касами би престанал да биде пратеник на Беса во Парламентот. СДСМ би добил еден пратеник повеќе во своите редови, а Беса би имала еден пратеник помалку“ – тврди Сулејман Мехази во својата колумна под наслов „СДСМ од Тетово може да ја предаде ДУИ“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Мехази пишува: „Во вториот круг на локалните избори СДСМ од Тетово може да гласа за БЕСА и да биде против ДУИ, затоа што позицијата градоначалник на Тетово го отстранува Билал Касами од Парламентот и на негово место на СДСМ му се додава уште еден пратеник во Парламентот. Во текот на парламентарните избори Билал Касами беше носител на листата во 6-тата изборна единица, а втор по него беше кандидатот на СДСМ, кој би го заменил Билал Касами во Собранието.“

„СДСМ во Тетово може да игра на картата во својата корист, гласајќи за Билал Касами за градоначалник на Тетово: така добива еден пратеник повеќе во Парламентот, додека, од друга страна, ја заслабува Беса за еден пратеник помалку, оти таа наместо четири ќе има тројца пратеници. Не е случајно што Заев не ја поддржува Теута Арифи во Тетово. На Заев не може да му се верува.“ – заклучува Мехази во својата колумна.