Повлекувањето на помилувањето дадено од претседателот Ѓорѓе Иванов е вистинскиот проблем од аспект на меѓународното право и практиката во Стразбур, изјави во емисијата „Стадион“ на Канал77 професорот по уставно право Гордан Калајџиев.

„Стразбур гледа поинаку на случајот, за него се додека не е сериозно оспорено давањето на помилувањата, Иванов е легитимен претседател и постои претпоставка дека претседател на една држава е сериозна институција која што не се зафркава со давање и земање на амнестија или помилување на луѓето. Во тоа е големата разлика“– рече Калајџиев.

Проблемот од аспект на меѓународното право е токму одземањето, односно поништувањето, вели професорот Калајџиев.

„Државна сериозна институција или воопшто државата генерално не може да си игра со судбините на луѓето. Денеска им дава помилување, утре им го зема“, заклучува Калајџиев.

ПЛУСИНФО