Меѓународен ИТ експерт бара независна комисија за скандалот во ФЗО

Македонскиот софтвер експерт Роберт Милески кој гради успешна бизнис кариера во овој сектор во земји на ЕУ и соработува со врвни ИТ светски компании бара независна истрага за скандалот во Фондот за здравство каде се избришани огромен број податоци на македонските граѓани за кои сега се бараат десетици милиони евра откуп.

Милиони различни податоци кои ги имал во посед ФЗО сега се сопственост на непознати хакери кои бараат пари за да го вратат податоците а во меѓувреме Македонија живее со колабиран здравствен систем.

,,Ако е точно тврдењето на it.mk дека IT експертите при upload на податоците на cloud го исклучиле централниот firewall, и им овозможиле на хакерите да навлезат во системот, тогаш тоа е крајно несовесен, аматерски, почетнички и шарлатански потег!

Како IT експерт БАРАМ Владата да состави независна комисија од експерти кои ќе извршат комплетен аудит на целиот IT систем на ФЗО, а извештајот од наодот да биде јавно објавен! Под итно!”, бара Милески.