Тимот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ во соработка со ЗСП ПСИХЕСКО започна со дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица од опожарените области.
Во следниот период од 7 дена ќе бидат активни 6 телефони за ПСИХОЛОШКА ПРВА ПОМОШ во рамки на 24 часа.
“Потребен ти е разговор?
Сакаш да дознаеш како можеш да помогнеш на најблиски?
Имаш потреба од информации или друга поддршка?
Тука сме за тебе, обрати ни се во секој момент. Можеш да сметаш на нас!”, пишува во објавата на МЕЃАШИ каде се подготвени за поддршка на сите деца од опожарените подрачја кои сакаат да се советуваат за проблемите со кои се соочуваат тие или нивните најблиски.