Првата детска амбасада во светот Меѓаши, го прослави 30-от роденден со гала донаторска аукција на која беа собрани солидни средства за новата линија и платформа АлоБушавко.

Како што соопштија од Меѓаши, на нивната забава и аукција присуствувале околу 300 пријатели, партнери, соработници и драги луѓе кои дадоа несебичен придонес за успехот на целата акција.

„Јубилеите се особено значајни и блиску до срцето кога се одбележуваат со луѓе кои се спремни да дадат поддршка за се што е досега постигнато и поддршка за идните постигнувања“ – додаваат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.