„Само ако Албанците станат државотворен народ, уставни измени се можни, изјави Изет Меџити, првиот човек на новата партија „Демократско движење“ во ТВ дебата на Еуроњуз Албанија, пренесе Слободен печат.
„Не се согласуваме Албанците да бидат рамноправни со другите заедници кои имаат 300 луѓе, затоа што ова навистина нема смисла. Ако се дозволи ова, тогаш ќе имаме многу проблеми со Бадентеровиот принцип, кој принцип беше еден од клучните фактори за постигнување мир во 2001 година.
Затоа, прифаќањето на Албанците како државотворни би го официјализирало и албанскиот јазик на државно ниво и не би ги имале актуелните неизвесности како резултат на разни толкувања„, рекол Меџити.
