Меџити: Османи и Груби надвор од владата

Меџити: Груби и Османи надвор од Владата!

“Изет Меџити не гледа итна потреба за реконструкција на Владата, но ако дојде до тоа тогаш критички настроениот потпретседател на ДУИ смета дека вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи не треба да бидат повеќе на нивните функции.” – објави вчера ТВ 21 акценти од интервјуто со Меџити во емисијата “10 минути” на оваа телевизија.

“Не се во прашање само имињата, туку и програмата на Владата и програмата на ДУИ, вели Меџити, барајќи да се отвори дебата заради изнесување аргументи” – истакнува ТВ 21, посочувајќи на овие зборови на Меџити:

“Груби е вицепремиер и управува со политичкиот систем: колку политички прашања се унапредени во овој период, колку капитални инвестиции има во овој период?”

Судирот меѓу Меџити и Груби и Османи трае од ланските избори кога крилото на Меџити оствари успех во Скопје но тој не доби највисока позиција во владата.

По повеќе вербални судири Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.