Потпретседателот на ДУИ Издет Меџити и еден од неформалните членови на таканаречената „Огнената група“ вели дека тој и неговата група нема да гласаат за новата Влада од која излезе „Алтернатива“ и во која влегува Алијанса за Албанците.
Ова е коалиција за дневна политика и за да се потисне различниот глас во ДУИ, т.е на нашата група, вели Меџити во интервјуто за „Република“.
„Со други зборови Алијанса за спас на Артан Груби“, вели тој.
Според М;еџити, намерата е оваа коалиција да се прикаже како европска, зголемување и стабилизирање на мнозинството и приближување до бројката од 80 за уставни измени но далеку се од гласање за новата влада.
„Сега сите аргуменит паднаа и бројката пак се сведе на 64 пратеници но ќе видиме дали ќе и биде толку. Се виде дека ова не е за зголемување на мнозинството ниту пак за европска коалиција или европски вредности оти со предлозите што ги даваат не одат во таа насока. Еден од примерите е ДУИ, односно крилото на Груби сакаше да промовира зелена агенда и на првиот потег го дадоа министерството за екологија што покажува не се сериозно во нивните залагања“, вели Меџити.
Меџити оценува дека, како што вели „Ова е политика на инает и за дневни интреси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но немаме никакви дилеми околу уставните промени.
Не треба да се поврзуваат двете работи. Во моментов имаме тројца пратеници огнени како што не нарекуваат, но разговараме и со други зошто има незадоволство и кај другите партии. Да причекаме’, вели Меџити во интервјуто за Република.
