„Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката за кардиохиругија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење“, изјави министерот Фатмир Меџити за сменетиот директот на Клиниката за Кардиохирургија кој прбв во Македонија изведе трансплантација на срце.
Министерот за здравство не одговори на прашањето дали ќе ја ревидира неговата одлука за др Јовев да се врати на директорската позиција, туку рече само дека тој ќе остане вработен.
Меџити најави дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката од која го разреши Јовев.
„Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите“, додаде тој.
Тој предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.
„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сè за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.
Доктор Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев – очекувано е да се претвори во политички пазар.