Меџити: ДУИ ја раздава власта за да ја спаси владата на Груби

„Господинот (Али) Ахмети за да ја спаси оваа Влада, добар дел од власта ја подели со Алијанса за Албанците и тоа беше само да се спаси владата на Груби.

Тогаш се обидоа да го покријат тоа наводно со зголемување на бројката, да има 80 пратеници за уставните измени, но денес се гледа дека целата политичка акробација се направи за да се спаси извршната власт“ вели Изет Меџити поранешен лидер на „огнените од ДУИ и сега еден од основачите на најавената партија „Демократско движење“ која ќе се официјализира на 13 август.

Во интервју за Алсат М, Меџити вели дека од ДУИ и деновиве „мамат со власт“ луѓе од Беса, Алтернатива, а се обидуваат и кај Демократското Движење..

„Толку многу делат власт не знам што ќе остане за ДУИ“, вели Меџити.

Според него, се вршат притисоци, со политички разрешувања од владини и партиски позиции, од ДУИ се обидуваат преку владата да прават притисоци како што е одземањето на надлежностите на училишта, но ова покажува дека кај нив има страв, паника и ова уште повеќе го иритира народот и мислам дека ќе го добијат вистинскиот одговор во вистинското време.

Запрашан дали создавањето на нови политички партии во таканаречениот албански блок, не е игра на ДУИ за да ја подели опозицијата, Меџити со одгов ор:

„Во овие дваесет години, ако на албанската политичка сцена и недостасувало нешто, тоа било немањето силна организираност на опозицијата. Немало силен опозициски глас, затоа, паралелно, со формирање на новиот политички субјект, Демократско Движење, во нашите приоритети е да направиме обединување и унифицирање на гласовите на Албанците, за и Албанците во Македонија исто како тие во Косово и Албанија, како што е и кај македонскиот кампус, како што е и во европските држави и во САД, да има две силни страни, власт и опозиција, затоа што мислам дека доколку имаше силна и добро организирана опозиција, власта не би скршнала до овој степен со корупција, до овој степен на мешање во судската власт. Кратко и јасно, мислам дека ние сме на правиот пат да ја консолидираме опозицијата“.

Меџити уште додава дека „здраво е за демократските процеси и за доброто на Албанците во Македонија да има два политички блока“, а според него било штетно е што „Албанците се поделени на пет-шест или повеќе политички субјекти“.

На прашање на Алксат дали ја гледа Алијансата за Албанците како дел од идниот опозициски блок со оглед дека како дел од власта била дел од таканаречениот „Европски фронт“, Меџити вели:

„Прво, можам да констатирам дека Европскиот фронт потфрлил. Не бил искрен… не бил фронт за уставни измени, тука фронт за спас на извршната власт на Груби. Самите ставови на Ахмети и Таравари се противречни…“ вели Меџити.