По изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да се врати во Македонија и да се соочи со правдата, лидерот на Демократското Движење Изет Меџити за весникот Лајм вели дека неговите сомнежи се остваруваат.

Тој реагира на изјавата на Османи за ТВ21 дека најдобро е Никола Груевски да биде во Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во друга држава.

„Од политички аспект, има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години и ги имал сите информации за државата, а е во рацете на друга држава тоа не е паметно за било која држава“, рече Османи спооред кој нема иницијатива Груевски да се врати.

Но од Демокртаксокто движење на Меџити велат дека „…за жал, се потврдуваат нашите соммежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени.

Иако лично мислев дека ДУИ во 2016 се раздели со режимот на Никола Груевски, за жал Бујар Османи денеска докажа дека тајно одржувале комуникација, си помагале меѓу себе, и уште еднаш се докажа дека работат на враќање на Груевски, затоа го сменија Кривичниот Законик, затоа зборуваат за Законот за амнестија, само да биде во функција на враќање на Груевски и денеска за прв пат јавно го поставувам прашањето

Дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, на Денот на ВМРО, се вели во соопштението од Демократското движење на Меџити, пренесува Лајм.