Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека испораката на понапредно американско оружје во Украина само ќе предизвика дополнителни напади од Русија и може да ја активира руската нуклеарна доктрина.
„Цела Украина, која останува под власта на Киев, ќе изгори“, рече Медведев во интервју за канал Телчеграм
На прашање дали употребата на западно оружје со поголем дострел може да ја принуди Русија да преговара со Киев, Медведев одговори:
„Резултатот ќе биде токму спротивен. Тоа можат да го тврдат само морални изроди, од кои има доволно во Белата куќа и во Капитол“, одговори Медведев.
„Ве уверувам дека одговорот ќе биде брз, цврст и убедлив.
