Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи Украина да се преименува по озлогласениот соработник на нацистите Степан Бандера.
Зеленски сака да ја прекрсти Русија во „Московска федерација“
Неговиот предлог дојде откако украинскиот претседател Владимир Зеленски повикувајќи се на петиција од 25000 луќа побара неговата влада да го разгледа предлогот за промена на името на Русија во „Московска федерација“.
Во реакцијата, Медведев ја спореди Украина со нацистичка Германија и предложи, како одговор на петицијата, Русија да ја преименува Украина со име „Швајниш Бандера-Рајх“ (Schweinisch Bandera-Reich).“
Во објава на Твитер, Медведев уште го нарече украинскиот претседател „главниот нацист во Киев“.
