Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот совет за безбедност, им се закани на Европа и на САД со хиперсонично оружје.
Неговата изјава дојде како одговор на зборовите на пензионираниот американски генерал Бен Хоџис, кој рече дека „Вашингтон ќе ја нападне руската Црноморска флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во Украина“.
„Нема потреба некои пензионирани идиоти со генералски значки да нè плашат со разговори за напад на НАТО на Крим. Гарантирано е дека хиперсоничното оружје ќе достигне цели во Европа и САД многу побрзо“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.
Тој изјави дека „западниот естаблишмент, како и сите граѓани на земјите на НАТО, мора да разберат дека Русија го избра својот пат. И нема враќање назад“.
