Медведев предвидува можен распад на ЕУ и граѓанска војна во САД во 2023 година!

Заменикот-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на својот канал на Телеграм предвидува што би можело да се случи во светот во 2023 година.

„Пред Нова година сите сакаат да предвидуваат. Многумина вежбаат футуристички хипотези, натпреварувајќи се во предложувањето на најнеочекуваното, па дури и на апсурдното. И ние ќе дадеме свој придонес“, пишува Медведев во уводот, пред да ја наведе можноста Велика Британија во наредната година да се врати во Европската унија, по што таа ќе се распадне и еврото ќе биде укинато како заедничка валута на бившата ЕУ!


Поранешниот руски претседател и премиер понатаму додава дека во САД е можна граѓанска војна, по која ќе се одвојат Калифорнија и Тексас во посебни држави, а Илон Маск ќе стане претседател на некоја од тие држави доделени на Републиканците!