Медиум му нуди помош на Судскиот совет за случајот Анѓушев – Цветковска

Порталот Плусинфо му нуди помош на Судскиот совет со цел да ја утврди вистина бара за судењето за случајот Анѓушев – Цветковска.

Откако тужената уредничка на ИРЛ Сашка Цветковска обвини дека за време на судењето имало дерење и агресија иако објективни сведоци тврдат дека такво нешто немало, порталот Плусинфо најави дека е подготвен да ги достави забелешките од нивниот репортер од судењето ако судскиот совет расправа за однесувањето на судијката што го води случајот.

,,НА РОЧИШТЕТО АНЃУШЕВ – ЦВЕТКОВСКА НЕМАШЕ НИ „ДЕРЕЊЕ“ НИ „ВЕРБАЛНА АГРЕСИЈА“ Белешките на репортерот на Плусинфо му стојат на располагање на Судскиот совет”, објави Плусинфо

,,Во ист ден, уредничката на ИРЛ, Сашка Цветковски, во пост на Фејсбук се пожали на поведението на судијката на рочиштето на 13 октомври, а ЗНМ побара Судскиот совет да поведе постапка за утврдување на Јованка Спировска-Панева. Репортер на Плусинфо го следеше и го документираше рочиштето, кое, според неговото видување, имало вообичаен тек. Редакцијата ги става белешките на репортерот на увид на Судскиот совет, со цел членовите на ова тело самите да се уверат дали имало „вербална агресија“ од страна на тужителот и несоодветно постапување на судијката”, стои во текстот на Плусинфо за што сведочат и други присутни на судењето.

Еден од проблематичните делови од нападот на ИРЛ врз судијата и поддршката која за тоа ја добива од ЗНМ која може да се смета за конфликт на интереси, е што ќерката на претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски работи во ИРЛ а репортерка на ИРЛ е дел од телата на ЗНМ кое е раководено од Чадиковски.

Целиот текст на Плусинфо