Порталот Infoshqip кој важи за близок на ДУИ објавува текст кој ја открива нервозата во Мала Речица поврзана со шпекулациите дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и екс премиерот Заев договараат македонска коалиција која ќе го остави Ахмети и Груби надвор од власта.
Во текстот се наведува дека Заев и Мицкоски спроведуваат сценарио за паѓање на актуелната влада и формирање влада на национално единство.
Според порталот близок на ДУИ владата на јавни мачно единство би била корисна за македонците а штетна за албанците.
Тоа според текстот кој најверојатно е напишан по налог на луѓе од ПР секторот на ДУИ влада на национално единство може да создаде тензии, неменување на Уставот и 10 годишна блокада на ЕУ интеграциите.
Според текстот за ова сценарио постои загриженост и во Тирана, Приштина и кај меѓународниот фактор.
Без да наведе детали Инфошќип пишува дека таквата влада има за цел да амнестира и некои политичари и функционери од ВМРО и СДСМ по однос на предмети поврзани со корупција и криминал.
Пораките од текстот многу наликуваат на притисокот кој ДУИ го правеше меѓу 2006 и 2008 година кога остана во опозиција и кога се закануваше со дестабилизација на Македонија ако ДУИ не биде во власта.
Извор
https://www.infoshqip.com/nese-deshton-qeveria-aktuale-formohet-qeveria-zaev-mickoski-pa-shqiptaret/