Виолета Клисаровска, mедицински директор на Клиниката за Oнкологија и радиотерапија, изјави дека медицинската сестра која била фатена во повторен обид за кражба на Клиниката – добила отказ.
„На 28 февруари, медицинското лице се дрзна повторно да направи кражба, со доказ беше веднаш, не од нас, од надлежни институции, отстранета од наша институција.
Таа потоа повеќе не стапна во нашата институција. На 6 март, неколку дена подоцна, таа доби од нас писмен допис за отстранување од работно место, а заради административните постапки кои спрема полицијата моравме да ги испочитуваме и сите други административни делови за формирање и поведување на дисциплинска постапка, на 23 мај 2023 година ѝ беше испратено и отказното решение од работа. Да нема дилеми. Значи, таа сестра беше во повторен обид фатена и веднаш отстранета од нашата клиника со отказно решение“, појасни Клисаровска.
Според директорката станувало збор за медицинска сестра во дневната болница и не била директно поврзана со припрема на лековите.
„Токму заради тоа и една од безбедносните мерки е и веќе ограничен број на сестри. Тој влез веќе е строго ограничен, не е отворен за сите сестри од дневната болница. Се знае кој доаѓа во допир со нерастворен лек“, истакна Клисаровска.
