На повикот од Министерството за здравство околу 150 здравствени работници од Македонија се пријавија да заминат во Турција за да помогнат при лекување на повредените во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес.
Според минисерот за здравствпо Беким Сали, денеска ќе биде комплетитран списокот на доброволци и потоа ќе биде предаден во Центарот со управување и кризи (ЦУК).
„ЦУК понатаму, преку комуникација со турските власти и НАТО, ќе извести за расположивите капацитети и човечки и материјални. Јас би сакал уште вчера медицинските екипи да тргнеа кон Турција, но ги почитуваме протоколите и чекаме одговор за тоа што им е потребно“, рече Сали.
Исто така, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно.
Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање.
