Повикувајќи се на дипломатски извори, софиски „Медиапул“ три клучни барања испорачала вчера Бугарија на состанокот на амбасадорите на ЕУ во Брисел кога се договарала преговарачката рамка:

  • Добрососедските односи треба да бидат критериум за членство на С. Македонија во Европската унија,
  • да се користи официјалното уставно име на Република Северна Македонија наместо краткото С. Македонија и
  • бидејќи не го признава македонскиот јазик, Софија е против тој да биде регистриран како официјален јазик во Европската унија (јазичната формулација да биде „официјален јазик“ на земјата кандидат, а не „македонски јазик“).

Бугарските барања биле презентирани од амбасадорот во ЕУ, Димитар Цанчев и тие биле речиси исти со она што им го соопштил на колегите амбасадори на крајот на октомври, но тие наводно не биле земени предвид.

Цанчев забележал дека Скопје ефективно ги блокирало преговорите со неговата земја и поради тоа на сите им било јасно оти Бугарија ќе го запре нејзиниот сосед на патот кон ЕУ.

„Имаме голем проблем. Тој е многу сериозен. Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите“’, вели Цанчев и „потсетил“ дека Скопје ја фалсификувало историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област Македонија за да го аргументира новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји.

Како и дека прогласило еден од локалните бугарски јазици како „македонски“…