МДС: Самомаргинализирање и средби на Димитров со пензионери во Вашингтон

Македонскиот дипломатски синдикат со свој коментар на обидот на екс министерот за надворешни работи Никола Димитров дека има важни средби во Вашингтон.

Меѓу редови МДС прашува зошто македонскиот амбасадор во САД Попов институционално му помага на Димитров кој веќе не е дел од владата туку е обичен граѓанин и политичар кој се уште нема регистрирано политичка партија иако најави такво нешто.

,,Пред неколку години го поздравивме и прославивме заминувањето на Димитров од МНР, со желба никогаш повеќе да не го видиме во нашата куќа.

Со своите средби во Вашингтон со политички пензионери, тој на најдобар начин го потврдува ова.

Ја поздравуваме и поддршката што нашата амбасада во САД на чело со амбасадорот Попов му дава сесрдна поддршка во неговите напори за самомаргинализирање”, се вели во реакцијата на МДС.

Димитров деновиве интензивно објавува информации и фотографии за негови средби во Вашингтон за кои тврди дека се суштински и одлични без да објасни зошто ги нарекува така.