МНР неовластено ,,брцнало во џебовите на вработените”, смета синдикатот на вработените во Министерството за надворешни работи
Македонскиот дипломатски синдикат го подига својот глас против самоволието и дискреционото одлучување за висината на регресот К-15 од страна на Министерството за надворешни работи, нешто што не е негова ингеренција.
,,Принудени сме да се обратиме до јавноста, бидејќи министерот Османи продолжува со старата пракса на игнорирање на прашањата на вработените, искажувајќи целосно непочитување за нивниот интегритет и дигнитет”, стои во соопштението на МДС.
Пред десетина дена МДС интерно упатило прашање до министерот Османи на кој начин и по кој критериум во последните денови на минатата година биле исплатени 9000 денари на име на К-15.
,,Согласно законската регулатива и колективните договори, Регресот К-15 треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечниот личен доход во државата. Во септември и октомври минатата година, просечната плата изнесуваше повеќе од 32.500 денари, што значи дека требале да бидат најмалку 13.000 денари.
Јавно бараме одговор од министерот Османи зошто и со кое право МНР брцна во џебовите на вработените и од секој вработен одзема најмалку 4000 денари”, прашува МДС и бара одговор Кој ќе понесе одговорност за неовластеното одземање срества што им припаѓаат на вработените.
,,Потсетуваме дека просечната плата во МНР последните десетини години не е сменета од 27000 денари, која во меѓувреме инфлацијата ја има преполовено како куповна моќ”, стои во соопштението на извршниот одбор на МАКЕДОНСКИОТ ДИПЛОМАТСКИ СИНДИКАТ.
Предходно Османи донесол одлука да даде 100000 евра од МНР на надворешната фирма Рејтинг блиска на висок функвионер на СДСМ за организација на настан на ОБСЕ по што ја повлече одлуката.