Маж спасен од запалениот ферибот

Припадниците на специјалната единица за управување со катастрофи утрово успеале да лоцираат и спасат човек на пожарот на фериботот „Еурофери Олимпија“ .

Според грчката крајбрежна стража, тој бил виден како се движи во близина на задниот дел на бродот по што почнала перацијата за спасување.

Лицето е 21-годишен белоруски државјанин.

Вкупно 241 патник и 51 членови на екипажот биле на бродот кога избувна пожар во петокот на бродот. Службите за итни случаи се обидуваат да пронајдат 12 исчезнати лица, но се попречени од многу високите температури на бродот.