Половина час по полноќ во саботата кон неделата на улицата „Хиртенштрасе“ во северниот дел од германскиот град Дортмунд е застрелан 32-годишен маж од Македонија, татко на две деца.
Напаѓачот истрелал одблиску неколку куршуми во жртвата пред неговата куќа, по што брзо се оддалечил и една улица подолу влегол во автомобил и избегал, велат сведоците.
Според информациите на германски „Билд“, застреланиот е во животна опасност, откако бил погоден во црниот дроб, крвните садови и стомачните органи.
На местото на злосторството форензичарите пронашле шест чаури, а колку истрели завршиле во телото на македонскиот државјанин сè уште не е јасно.
Полицијата трага по маж на околу 35 години, висок околу 1,85 метри, со темни панталони, качулка и бејзбол капа.