Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини би можел да го замени Жан Клод Јункер како претседател на Европската комисија, чиј мандат завршува во октомври 2019 година.
Во интервју за „Ла Република“, и актуелениот министер за внатрешни работи, популист и жесток лидер на италијанската „Северна Лига“ ги потврдува гласините:
„Вистина е, разни пријатели во европските земји го побараа тоа, тие ме предлагаат(…)
Салвини, покрај тоа што беше прогласен за најпопуларен политичар во Италија во историјата(!), го привлече вниманието на Европејците и луѓето ширум светот, откако се спротивстави деструктивните политики на ЕУ за заштита на неговата земја, пишува „Voice of Europe“.
Министерот имал средби со други националистички лидери, како што се унгарскиот премиер Виктор Орбан и француската националистка Марин Ле Пен, во обид да изнајдат начини заднички да работат во пресрет европските парламентарни избори во мај и бараат тој да се кандидира: „Би можел да аплицирам за да ја водам Европа, популистичкиот фронт го бара тоа“, вели Салвини.
Но, тој се уште не одлучил дали ќе прифати кандидатура.
„Меѓу буџетот, Европа, имигрантите, немав време (…) да го оценам предлогот”, вели тој.
„Мај е уште далеку. Ајде да видиме, размислувам за тоа“.
На прашањето за заканата дека Комисијата ќе го отфрли буџетот на Италија за 2019 година, Салвини вели дека тие зборуваат така зашто знаат „дека за 6месеци ќе бидат испратени дома“.