Flag of Macedonia is on texture. Template. Coronavirus pandemic. Countries may be closed. Locks.

„Ако го направиме компромисот на кој некои инсистираат, тоа би било катастрофа за авторитетот на Бугарија во Европската унија“, предупредува историчарот проф. Христо Матанов ви изјава за бугарското национално радио (БНР).

Според Матанов, би било убаво ако двете страни направеа компромис, но тој самиот не гледа што може да биде компромис од бугарска страна.

Според него, Скопје има лоби во Европа и тие успеале да убедат некои од европските лидери дека позицијата на Бугарија е лоша.

„Јас сум изненаден од пост-југословенската самодоверба што ја имаат. Тие мислат дека Бугарија прифаќа сè, се е можно… Тие мислат дека Бугарите прифаќаат сè – во НАТО, тие ќе ги пуштат во Европската унија, заедно со сите глупости и манипулации што ги прават. Но, засега, барем, ова не е видливо на хоризонтот “, коментира историчарот.

Според него, Бугарија не е единствената земја што го стопира влегувањето во ЕУ, односно дека има забелешки за кандидатурата на Албанија од Холандија и Франција.

Flag of Macedonia is on texture. Template. Coronavirus pandemic. Countries may be closed. Locks.