Преку Амбасадата на Македонија во Вашингтон, денеска во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон НАТО, со што, од денес нашата земја и официјално стана триесетта членка на Алијансата.

Во понеделник на 30 март, во Седиштето на НАТО во Брисел ќе биде организирана церемонија на подигање на македонското знаме, на која се планира да ѝ претходи свеченост во Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк во Вирџинија, САД.

На 2 април, за првпат како земја-членка, МНР Никола Димитров ќе ја преставува Македонија на министерско ниво.