Ако светот отиде во рецесија поради кризата во Украина, тоа „всушност е добра работа“, бидејќи парите „премногу долго врнеа за будали“ и „редно беше да се случат некои банкроти“, смета најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск. Според неговите последните постови на Твитер, кризата би можела да трае од 12 до 18 месеци, пишува Футуризам.
Идејата на Маск е едноставна. Тој пишува дека „компаниите кои се со инхерентно негативни готовински текови (т.е. уништувачи на вредност) треба да умрат, за да престанат да трошат ресурси“.
Но, неговите забелешки доаѓаат во чудно време. Откако Маск доживеа фијаско со неговото купување на Твитер и сега е моментално во судски процес, акциите на неговата компанија Тесла паѓаат на берзата веќе неколку недели.
Маск исто така напиша дека карантинот кој светот го доживеа поради пандемијата со ковид-19 ги направи луѓето мрзливи.
„Сето ова останување дома поради ковидот ги измами луѓето да мислат дека всушност не треба да работат напорно. Епа, ова е грубо будење од сонот!“
Но, дали Маск навистина е во позиција да изнесе вакви аргументи? Со оглед на тоа што тој веќе изгуби повеќе од 1 милијарда долари од акциите на Твитер откако ја започна својата проколната понуда да го купи гигантот на социјалните мрежи, се чини дека тој би можел да биде оној на кого му претстои грубо будење.
На крајот на краиштата, него доста долго „му врнеа пари“.